Колумбија со 2:1 славеше над Јапонија на пријателски меч одигран во Осака. Домашните навивачи останаа разочарани поради поразот на нивната селекција, но беа сведоци на еден перфектен погодок.
Се играше 61-вата минута кога Колумбија беше во напад, топката се одби високо, а голгетерот на гостите, Рафаел Боре, со маестрален гол со „ножички“ погоди за 2:1. На крајот токму овој погодок беше клучен за триумф на Колумбија против Јапонија.
Со оваа победа Колумбија ја продолжи одличната низа од девет меча во кои има седум победи и две нерешени без пораз.