Перфектен хет-трик за 21 минута: Левандовски ита кон рекордот на Герд Милер (видео)

Роберт Левандовски со перфектниот хет-трик во победата од 4-0 на Баерн Минхен против Штутгарт, стигна до учинок од 35 погодоци во 25 лигашки натпревари. Најдобриот стрелец во Германија на тој начин му се доближи на Гер Милер, легендата на Баварците, и неговиот рекорд од 40 гола во една сезона од германското првенство.

Полскиот бомбардер во 18-тата минута го почна гол-поут на „Алијанц арената“, иако Баерн пред тоа остана со играч помалку на теренот по исклучувањето на Дејвис. 

Левандовски првиот гол го реализира со десната нога, а пет минути потоа следуваше ефектен гол со глава и зголемување на водството од 3-0, 60 секунди подоцна откако Гнабри ја тресеше мрежата на Штутгат.

За високи 4-0 за помалку од 40 минути, Левандовски го матираше Кобел со левата нога за перфекција во Михнен во режија на најдобриот светски фудбалер за минатата година.

Баерн со четвртата победа во низа, вкупно 19-та сезонава, се зацврсти на врвот на табелата со 61 бод, четири повеќе од Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести