Перфектен квалификациски циклус за Турците

Турција со „две од две“ тргна во квалификациите за ЕП 2020 откако ја запиша и втората победа во овој циклус. На домашен терен падна Молдавија, а Турција по оние 2-0 на гости кај Албанија, сега пред свои навивачи славеше со 4-0.

Калидирим и Тосун во период од 24-тата до 26-тата минута донесоа удобна предност за турската селекција, а голгетерот на Евертон и во вториот дел се запиша во листата на стрелците. Ајхан во 70-тата минута го постави конечниот резултат. Домаќините можеа да ја израмнат и рекордната победа во својата историја од 5-0 остварена токму против Молдавија, но капитенот Јилмаз утна пенал во 52-рата минута.

Турција во квалификациската група Х сега има шест бода по два меча, Молдавија, пак, по тешкиот пораз од Франција со 4-1, сега повторно прими четири погодоци.

Од оваа група, вечерва се играат уште два натпревари кои започнуваат во 20:45 часот – Франција го пречекува Исланд, Албанија гостува кај Андора.

https://twitter.com/brutuspor/status/1110231767116627970

https://twitter.com/eemirrgs/status/1110231599554138122

- Оглас -

Најнови вести