Перфектен меч за Меси, постигна хет-трик и забележа две асистенции против Боливија (Видео)

Аргентина ja декласира селекцијата на Боливија со 6-0 во натпревар од десеттото коло квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико во зоната КОНМЕБОЛ. Благодарение на овој успех, Аргентинците повторно се вратија на првото место во единствената квалификациска група во Јужна Америка.


На овој дуел блескаше Лионел Меси кој постигна хет-трик и забележа две асистенции.

Тој беше отсутен подолг период поради тешката повреда на Копа Америка, а сега се врати во својот ритам.

Останатите три гола на натпреварот ги постигнаа Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез и Тијаго Алмада.

Бразил го победи Перу со 4-0 и се искачи на четвртата позиција на табелата по лошиот старт на квалификациите. Петкратните светски шампиони поведоа со два прецизно реализирани пенали на Рафиња, а убедлив триумф донесоа Андреас Переира и Луис Енрике.

За првпат од септември 2023 година, Бразилците запишаа две последовни победи.

Парагвај ја победи Венецуела со 2-1, а Уругвај и Еквадор ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести