Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, со победа од 2:0 во сетови против Каспер Руд го почна походот по шестата титула на завршниот АТП-турнир во сезоната, на кој настапуваат најдобрите осуммина играчи во 2021 година.
Првиот сет беше израмнет, па во тај-брејк Новак помалку грешеше од Норвежанецот и успеа со 7:4 во поени да поведе со 1:0 во сетови.
Потоа беше во вообичаениот стил на најдобриот тенисер на планетата, а вториот сет беше само рутина за Новак и го доби со 6:2 за стартна победа во Зелената група на турнирот што се игра во Торино.
Пред мечот, Ѓоковиќ го доби и седмиот пехар по ред како најдобар тенисер на крајот на годината, подвиг што единствен на сите времиња го оствари во последните 7 години во серија.
Новак има пет пехари од завршните АТП-турнири и ако успее да победи во Торино, ќе се израмни на врвот на вечната листа со Роџер Федерер и со Иван Лендл, кои имаат по шест титули.
Во 21 часот се игра вториот меч од Зелената група меѓу Циципа и Рублев, што е и последен од првото коло.