Перфектен старт на СП: Македонија ја прегази Јапонија

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа стартуваше на Светското првенство во Германија и Данска, победувајќи ја Јапонија со 38:29. Капитенот Кирил Лазаров даде 8 гола, Манасков погоди 7 пати, а Стоилов даде шест гола. Кузмновски и Пешевски завршија со 4 голови, а по три пати погодија Поповски и Талески. Филип Лазаров имаше два погодоци, а Георгиевски даде еден гол. Борко Ристовски блескаше на голот и имаше неверојатни 20 одбрани.

За Македонија ова е 15 победа во 35 меч во историјата на Светските првенство. Петти пат од шесте Мундијали стартуваме со победа и најавуваме дека може да се надеваме на добар пласман. Следен предизвик за Македонија ќе биде мечот против Бахреин в недела, со почеток од 14 часот. И на оваа средба, Македонија ќе ја има улогата на фаворит.

Јапонија поведе со 1:0, а потоа Македонија со два гола на Дејан Манасков и еден погодок на Стојанче Стоилов стигна до 3:1. Следеше контра серија од 3:0 за Јапонија и водство од 4:3, но тоа беше и последен пат кога имаа предност во првиот дел.

Македонија со серија од 4:0 стигна до 7:4, а потоа и до 10:5. Нападот добро функционираше, а Борко Ристовски одлично го чуваше својот гол. Најголемата предност нашите ракометари ја имааа во 26 минута кога поведовме со 15:9, а на полувреме заминавме со предност од пет голови.

Во второто полувреме, Јапонија намали на 15:18, но Македонија искусно и рутински ја чуваше предноста стекната од првиот дел. Во 40 минута беше 24:19, а истата разлика од пет голови беше и по 50 минути игра (30:25). Во последните 10 минути, нашите ракометари стигнаа и до 24:26 и веќе беше јасно дека на крајот ќе стигнат до посакуваната, но и очекувана прва победа на Мундијалот во Германија и Данска.

- Оглас -

Најнови вести