Перишиќ и Модриќ се доказ дека годините се само бројки, беа најдобри во победата над Франција

Хрватската фудбалска репрезентација покажува дека уште е во светскиот крем, и тоа најмногу благодарение на ветераните. Лука Модриќ храбро ја носи капитенската лента и на 39 години и го одигра целиот меч против Франција, а на крајот Коцкестите победија со 2:0.

На крајот, билансот на Модриќ е шест пресечени топки, два успешни старта, две исчистени ситуации во дефанзива, шест освоени топки, два успешни дриблинзи од три обиди и шест освоени дуела. Едноставно уште еднаш и уште еднаш Модриќ потврдува дека е светска класа и не случајно игра во Реал Мадрид, иако за неколку месеци треба да наполни 40 години.

Покрај Модриќ, тука е и Иван Перишиќ, кој исто така е вистински херој на Хрватска. Перишиќ само пред 18 месеци ги искина предните вкрстени лигаменти на десното колено, но се врати и игра блескаво. Сезонава има биланс од 21 гол и асистенција комбинирано на клупско и репрезентативно ниво.

Еден од тие голови Перишиќ го постигна синоќа против Франција, покажувајќи дека класата е вечна и дека кога е најпотребно, тој секогаш блеска во дресот на Коцкестите.

„Перишиќ крваво работеше по повредата за да дојде на своето посакувано ниво. Ова е негов прв погодок на Пољуд и знам колку му значи“, рече селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

- Оглас -

Најнови вести