Интер ја совлада Верона со 2-0, и се изедначи со Наполи на второто место на табелата во италијанската Серија А, со бод помалку од водечкиот Милан.
Головите ги постигнаа Николо Барела и Един Џеко уште во првото полувреме, а асистент при двата гола беше Иван Перишиќ. Хрватот за првпат после февруари 2021 имаше две асистенции на еден лигашки меч.