Перишиќ нема долго да биде без клуб, кариерата ќе ја продолжи во Комо?

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ, во јануари оваа година како големо засилување пристигна во Хајдук, но неговата авантура во Далмација ќе трае кратко. По недоразбирањата кои ги имаше со тренерот Џенаро Гатузо и отстранувањето од првата екипа, Перишиќ е на излезна врата од Хајдук и речиси сигурно ќе го напушти Сплит летово.

Триесет и петгодишниот фудбалер кој како младинец замина од Хајдук во 2006 година, се врати во матичниот клуб за да помогне во освојување на титулата, но сплитските „бели“ минатата сезона беа далеку од остварување на овие амбиции. Сега веќе се споменува и неговата следна дестинација, а тоа најверојатно ќе биде екипата на Комо, една од најамбициозните екипи во топ-5 европските лиги.

Во редовите на новиот член на Серија А веќе пристигнаа Пепе Реина, Рафаел Варан и Андреа Белоти, а раководството на овој клуб во Перишиќ гледа идеално засилување за новата сезона која започнува веќе претстојниот викенд.

- Оглас -

Најнови вести