Перо Антиќ: Томица Главчев е вистинскиот избор за кошарката во Македонија

Денеска е последниот ден на Перо Антиќ како претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, а тој најави мирно премопредавање на функцијата која треба да ја преземе познатиот гевгелиски бизнисмен и долгогодишен кошаркарски работник Томица Главчев.

Во просториите на КФСМ се сретнаа актуелниот претседател и Главчев, кој досега беше член на Управниот одбор.

Главчев ќе биде единствениот кандидат за избор на нов Претседател на Федерацијата на вонредната седница на Собранието на КФСМ закажана за денес, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 16 часот.

„Ми претставува особена чест и задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската федерација која беше мојот дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот Претседател му посакувам среќа и успешна работа во годините што следуваат“ рече Антиќ.

- Оглас -

Најнови вести