Жарко Пешевски кој е еден од јунаците на вечерашниот меч, рече дека сите во тимот цврсто верувале дека може да го надоместат минусот од седум гола разлика.
„После лошото издание на гостински терен, во хотел меѓу нас немаше никаква негативна енергија, лоша атмосфера сите до еден бевме убедени дека можеме да ја надополниме негативата. Сите играчи веруваа во чудо и знаевме дека ќе успееме заедно со помошта на сите наши навивачи. Благодарност до сите кои веруваа во нас“, изјави Пешевски.
За клучниот гол кој ги отпиша Фараните, Пешевски кажа интересна анегдота од последниот тајм-аут кога се договарало што да се игра.
„Договорот беше да шутираме Кузмановски, Лазаревски или јас. Столе Стоилов ми рече ај покажи кој е ‘татко‘, и морав да преземам одговорност“, рече Пешевски.