Пет фаворити од топ-5 лигите прават одличен тикет со квота од 48 (Фото)

1306 – Алмериа – Реал Мадрид (19:30)

Екипата на Реал Мадрид имаше одличен старт на сезоната во шпанската Ла Лига и со 2-0 го совлада Атлетик Билбао на гостински терен. “Кралевите“ денес повторно играат на гости, овојпат против Алмерија која загуби во првото коло од Рајо Ваљекано на домашен терен со 0-2. Очекувањата се дека Реал Мадрид ќе победи и денес, а двете екипи ќе одиграат ефикасен натпревар.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.96)

 

3004 – Интер – Монца (20:45)

Ефикасно и со победа на домашните се очекува да биде на дуелот од првото коло на италијанската Серија А на “Џузепе Меаца“. Интер како голем фаворит влегува против Монца и тоа треба да го покаже и на теренот. Интер игра на домашен терен и има противник по мерка за одличен старт на сезоната.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.00)

 

1809 – Борусија Дортмунд – Келн (18:30)

“Милионерите“ од Дортмунд се трагичари од минатата сезона во Бундес лигата, но денес ја започнуваат новата сезона, што значи и нова надеж да се симне Баерн од тронот во Германија. За противник го имаат Келн против кого се големи фаворити, а очекувањата се дека мечот ќе биде ефикасен како и нивните претходни дуели.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.97)

 

1703 – Тулуз – ПСЖ (21:00)

ПСЖ со Мбапе и Дембеле во составот ќе атакува на првата победа оваа сезона во француското првенство. “Светците“ имаа лош старт на сезоната и одиграа само 0-0 на домашен терен против Лорин во првото коло, но очекувањата се дека вечерва ќе го поправат впечатокот, дополнително засилени со двајцата фудбалери кои не настапија на “Паркот на принцовите“.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (2.45)

 

1006 – Манчестер Сити – Њукасл (21:00)

Дербито на Премиер лигата помеѓу двете екипи кои се меѓу најбогатите во светот се очекува да му припадна на составот предводен од Пеп Гвардиола. Двете екипи играат офанзивен и ефикасен фудбал, а нема сомнеж дека така ќе биде и вечерва. Њукасл после долго време минатата сезона обезбеди пласман во Лигата на шампионите, слични се амбициите и за оваа сезона, но Манчестер Сити е најдобрата екипа во Европа и се очекува да успее да забележи победа на овој натпревар.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.55)

- Оглас -

Најнови вести