Пет комбинации од ЛШ носат вкупна квота од речиси 50

Пет меча од Лигата на шампионите се дел од денешните Квоти на денот, а ако ги одиграте понудените комбинации, ќе добиете вкупен коефициент од 47.95.

Галатасарај е домаќин на Динамо Киев и тука домаќинот треба да биде во офанзива. Галатасарај да постигне барем еден гол во првото полувреме, а на крајот да има најмалку три погодоци во мрежата на гостите и тоа нуди квота од 2.05.

Аталанта е домаќин на Штурм и уште во првото полувреме треба да нападне и да поведе, а на крајот и да победи тимот од Бергамо во меч на којшто ќе има од три до шест гола, комбинација која се вреднува со 2.15.

Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен играат во дербито на денот, а за да биде добитна понудата, која е со квота од 2.20, потребно е двата тима да постигнат барем по еден гол и да има најмалку еден погодок во првото полувреме.

Бенфика во Лисабон е домаќин на Барселона и потребно е да има од еден до два гола во првото полувреме, а на крајот од средбата да бидат постигнати барем три погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.30.

Треба да има победник на дуелот во Белград меѓу Црвена ѕвезда и ПСВ, но и да има голови на двете страни, понуда што носи квота од 2.15.

- Оглас -

Најнови вести