Пет меча со супер вкупна квота од речиси 60, Рајо треба да победи, Бордо да не загуби

Петте меча во денешната понуда на Квотите на денот носат вкупен коефициент од 59.62, што е примамливо и вреди да се одигра.

Гетеборг на свој терен игра против Елфсборг во меч кој може да се одигра на погодоци, и тоа да има 1-3I & 1-3II, што носи коефициент два.

Во Франција, Бордо не смее да си дозволи луксуз да загуби на гостувањето кај Лавал, во меч барем со два погодоци. За Х2&2+ квотата е 1.95.

На голови може да се одигра и Верона – Удинезе, и тоа да има барем еден гол во прво полувреме, а на крајот да бидат постигнати најмалку три погодоци за убава квота од 2.10.

Рајо Валјекано со Столе Димитриевски на голот треба да слави над Елче во дуел на кој ќе има 2-4 погодоци и оваа комбинација го носи најголемиот коефициент за денеска во Квотите на денот и изнесува 2.80.

Лестер е фаворит за победа над Нотингам форест, па домаќините треба да постигнат најмалку два гола, но еднаш треба да се израдуваат и гостите за да биде добитна комбинацијата Т12+&ГГ, што носи коефициент од 2.60.

- Оглас -

Најнови вести