Пет месеци поминаа, а Шалке уште не може да триумфира во Бундеслигата

Ајнтрахт Франкфурт ја продолжи агонијата на Шалке со триумф од 2-1 во мечот од 32-рото коло во Бундеслигата. За Шалке ова е осми пораз по 14 средби, односно од 17 јануари нема остварено победа во германското првенство.

Андре Силва погоди за домаќините во 28-мата минута, а само по пет минути во вториот дел, Ајнтрахт стигна до двојна предност преку Абрахам. Мекени за момент внесе надеж во гостинскиот состав откако намали на 2-1 во 59-тата минута, меѓутоа Шалке не можеше до израмнување во ситуација кога остна со играч помалку по црвениот картон на Боздоган.

Анјтрахт со овој триумф застана на деветтото место на табелата со 41 бод, преземајќи ја позицијата токму од Шалке, кој сега е 10-ти со 39 бода.

- Оглас -

Најнови вести