Пет од шест се 2+ во првото полувреме, Рамос слави јубилеј во спектаклот во Мадрид (видео)

Реал Мадрид води со 2-1 против Интер во дербито на колото по головите на Карим Бензема и на капитенот Серхио Рамос. Дефанзивната ѕвезда на Кралевите го прослави јубилејниот 100-ти погодок во белиот дрес, погодувајќи со глава во 33-тата минута.

https://twitter.com/CarlosCarbajalH/status/1323726534033756161

Претходно Бензема го искористи киксот на Хакими, а Лаутаро намали на 2-1 во 35-тата минута.

Во Бергамо исто така е возбудливо, Ливерпул води со 2-0 против Аталанта со головите на расположениот Жота, кој веќе брои пет погодоци за Црвените во последните четири меча во сите натпреварувања.

Европскиот првак Баерн Минхен успеа пред паузата да сврти на 2-1 на гости кај Салцбург. Левандовски од пенал и автоголот на Кристенсен го поништија раното водство на Црвените бикови кое го донесе Бериша.

Порто води со 2-0 против Марсеј, Ајакс има 2-1 на гости кај Митјиланд а Манчестер сити има минимални 1-0 против Олимпијакос, и тој е единствениот меч во кој нема барем два погодоци во првото полувреме во мечевите кои почнаа во 21 часот.

Ако се земат предвид и претходните два дуели, ремито од 1-1 меѓу Атлетико и Локомотив, односно убедливите 6-0 на Менхегладбах на гости кај Шахтар, тогаш седум мечеви завршија 2+ во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести