Пет по ред: ѓорчепетровци редат победи и атакуваат на излез на европска сцена

Македонија Ѓорче Петров со 2-1 ја совлада штипска Брегалница во единствениот денешен дуел од првата македонска фудбалска лига.

Со новите три бода, Лавовите од Ѓорче продолжуваат со притисокот врз екипите кои се пред нив на табелата, во битката за излез на европска сцена. Македонија Ѓ.П. има два бода помалку од третата Академија Пандев, а четири помалку од втората Шкендија, со тоа што струмичани и тетовци имаат и по еден меч помалку.

Јован Попзлатанов со гол за 1-0 и асистенција за 2-0 кога погоди Кристијан Стојкоски, беше творец на победата на Македонија. Стрелец за гостите кои се шести на табелата, беше Милан Џокиќ во 55-та минута.

Другите пет меча од ова 21-во коло се закажани за утре.

- Оглас -

Најнови вести