10.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Петар Мијалков со награда за најдобар остварен успех во 2025 година

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа прогласување на најдобите за 2025 година од страна на Мотоциклистичката федерација на Македонија. Наградата за најдобар остварен успех во 2025 година му беше врачена на Петар Мијалков.

Во присуство на претседателот на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Зоран Трајковски, членовите на Управниот одбор, вечерта посветена на брзината и успехот ги собра сите пријатели на мотоциклизмот, а во центарот на вниманието беше нашиот европски шампион.

На свеченоста, на Мијалков му беше врачена престижната Награда за најдобар остварен успех, признание кое доаѓа по серијата историски резултати со кои тој го придвижи македонскиот мотоспорт за неколку скалила напред.

„Оваа награда не е само моја, таа е на целиот мој тим, на моето семејство и на сите вас кои верувате во мене кога сум на патеката. Свесен сум дека погледите на јавноста се насочени кон мене и дека очекувањата за новата сезона се големи. Ветувам дека ќе го дадам последниот атом од мојата енергија за да ги оправдам тие очекувања и повторно да го веам македонското знаме на највисокиот подиум”, изјави Петар Мијалков.

За Мијалков нема одмор – тој веќе навлегува во фаза на интензивни подготовки. Со оглед на досегашниот напредок, јасно е дека целата македонска јавност со нетрпение го очекува неговиот прв настап во новата сезона, каде тој повторно ќе биде главниот фаворит за највисокото место на подиумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести