Петелот од Торино заслужува награда за фер-плеј потег на годината (видео)

Во драматичното реми меѓу Аталанта и Торино кое заврши со 3-3, се случи нешто што на терените ретко се гледа во модерниот фудбал.

Андреа Белоти заслужува максимален респект за фер-плеј потегот кога во една ситуација беше досуден прекршок во корист на гостите, кој беше направен врз него.

Белоти сметаше дека немало доволно контакт за да биде досуден фаул и веднаш покажа со прст кон судијата дека не треба да суди. Сепак, арбитарот Франческо Форнеу додели слободен удар за Торино, кој Белоти одби да го изведе и само да додаде топката кон домашниот голман.

Со овој потег, популарниот Петел дефинитивно заслужува награда за фер-плеј на годината.

https://www.youtube.com/watch?v=mboZqcjVfek

- Оглас -

Најнови вести