Пети: Ливерпул на Клоп е подобар од „непобедливите“ на Арсенал

Актуелниот тим на Ливерпул, кој е убедлив лидер во англиската Премиер лига сезонава, е поимпресивен од „Непобедливите” на Арсенал од сезоната 2003/04, смета бившиот играч на Топчиите, Емануел Пети.

По 29 кола, актуелниот европски клупски првак е на 25 бода пред вториот Манчестер сити само со еден пораз. Пети, кој одигра 116 меча за Арсенал и го освои ФА Купот во 1998, смета дека Црвените се повпечатлив тим од оној на Арсенал кој ја освои шампионската титула преди 16 години без пораз.

„Имам огромна почит кон моите поранешни соиграчи, но кога го гледам овој тим на Ливерпул и што прават во последните две сезони…Тие се на исклучително ниво веќе 2-3 години. Ретко се гледа еден тим да победува на толку многу мечеви и да биде толку доминантен. За мене овој состав на Ливерпул е специјален. Тешко е да опишам што чувствувам кога го гледам овој тим, но не се сеќавам дека тоа го чувствував и кога го гледав Арсенал. Сигурен сум дека фановите на Арсенал нема да бидат среќни од оваа моја изјава, но треба да се биде чесен. Мотивацијата, интензитетот, толку многу таленти на едно место. Различни се од сите претходно”, рече Французинот.

- Оглас -

Најнови вести