8.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Петков: Секако дека одиме на победа против Луксембург

Марин Петков сезонава има запазена улога во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, а со добрите игри треба да продолжи и во репрезентативниот дрес на Македонија. Бекот кој има 23 години е оптимист пред дуелот против Луксембург, кој се игра в петок, во Скопје, во рамките од А групата во претквалификациите за Светскиот куп 2027 година.

„Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како и ние, имаат две победи во првиот круг, така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважната во овие два меча кои следуваат“, вели Петков.

Репрезентативниот бек додава дека сите во репрезентацијата полека „се навикнуваат“ на барањата на новиот селектор Жозеп Марија Берокал и неговите соработници.

„Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбраната и планови за играта во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би ѝ одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји, заедно со САД и Србија. Оттука стилот на игра сигурно е дека ќе изгледа добро, дека ние ќе изгледаме добро. И, секако, одиме на победа“, верува Петков во успехот на нашата селекција.

- Оглас -

Најнови вести