Петкратниот европски првак на пат кон Вечниот Град

Иско Аларкон во најскоро време би можело да ја задолжи опремата на Рома, тврдат шпанските медиуми. До него веќе е доставена понуда за која треба да донесе одлука што поскоро, а од таборот на Волчицата се оптимисти дека ќе прифати.

Иско од пред неколку дена е слободен агент по истекувањето на договорот со Реал Мадрид. Во Рома би дошол со реноме на петкратен европски шампион, Мурињо во него гледа како замена за Мхитарјан, кој замина во Интер.

За услугите на Иско се борат уште Севилја, Бетис и премиерлигашот Њукасл. Но, како што стојат работите, Иско е на пат кон Вечниот Град.

- Оглас -

Најнови вести