Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, најави дека неговиот тим на секој меч оди на победа, но реалноста е дека Партизан е многу посилен тим и ги користеше грешките на Металците.
„Бевме во грч на почетокот, утнавме отворени шутеви за три поени во првата четвртина, и затоа беше 9-25. Партизан добро шутираше за тројка за разлика од нас, имаа и многу подобра реализација на слободни. Имавме проблем и со дефанзивниот скок. Имаа многу офанзивни скокови во клучни моменти. Не сум задоволен од резултатот, но задоволен сум од залагањето. Партизан е евролигашка екипа, појаки се од нас, нивниот буџет сам зборува, го имаат најтрофејниот тренер на светот. Ќе се бориме со секого, кога ќе можеме ќе победуваме, се надевам дека МЗТ и следната сезона ќе игра во АБА“ – изјави Петровиќ.