Пеце Николоски од Кравари е најновиот македонски милионер

Од Кравари ни доаѓа најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, освоен во неделата на 6 февруари, и тоа со повеќе од солидна вредност од 1.714.513 денари. Неговиот сопственик се вика Пеце Николоски, дојде во просториите на Видеолотарија со широка насмевка и со уште поголемо задоволство од оваа среќа што го снајде.

Вели дека не игра со некаква стратегија или, пак, некоја специјална игра што му носи најмногу успех на видеолотариските апарати и дека ова е негова прва добивка од ваков габарит.

„Што знам, не можам да издвојам една омилена игра. Секоја што носи добивка, мене ми е омилена. Досега не сум имал некоја голема добивка, оваа ми е најголемата и ќе видиме како ќе ги искористам парите. Можеби ќе купам нов автомобил или можеби за нешто да се подновиме околу куќата, ќе видиме“, изјави Николоски.

Секоја нова недела носи нови имиња на добитници на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ или на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, добивките кои сè повеќе ги освојуваат срцата на љубителите на игрите на среќа.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #Jackpot #VLT

 

  • Ознаки
  • VLT
- Оглас -

Најнови вести