Новак Ѓоковиќ втора година во низа е крунисан за шампион на Вимблдон, откако го совлада Роџер Федерер во петчасовниот тениски класик. По мечот, како што му е традиција, Ѓоковиќ зеде дел од тревата и ја вкуси, така правеше и по освојувањето на претходните четири титули на неофицијалното светско тениско првенство.
Ѓоковиќ воедно ја освои 16-тата Гренд слем титула во својата богата кариера.
„Ова можеби беше најдобриот меч што некогаш сум го играл, а ми беше чест што беше против еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Малку беше чудно што се играше тајбрејк по 12-12. Федерер е инспирација за сите луѓе, а најмногу влијае врз мене. Уште од мал кога сонував да станам тенисер, најголем сон ми беше да бидам првак на Вимблдон, а сега тоа го сторив по петти пат. Благодарност за поддршката до сите, особено на моето семејство, но и мојот тим е еднакво заслужен за оваа победа“, истакна Ѓоковиќ.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1150468065420873728
https://twitter.com/Wimbledon/status/1150469201485803522
https://twitter.com/Wimbledon/status/1150470515808751617