Петте квоти на денот носат коефициент од 66.97

Сите пет предложени квоти на денот во Sport Life се од петте најсилни европски лиги и носат вкупен коефициент од 66.97.

Наполи е лидер на табелата во Серија А и има 11 победи и само две ремија досега и е апсолутен фаворит на вечерашниот натпревар против Емполи. Предлогот на Sport Life е да типувате дека Наполи ќе даде помеѓу еден и три гола во двете полувремиња, а квотата за оваа игра е 1.95.

Атлетик Билбао во Ла Лига го пречекува Валјадолид и тука се препочарува да одиграте на голови. Квотата дека ќе има барем еден гол во првото полувреме и најмалку два во второто изнесува 2.65.

Баерн Минхен е голем фаворит против Вердер и тука се очекува сигурна победа на германскиот шампион, „еден во еден“ во комбинација да има најмалку два гола во вториот дел. Коефициентот за оваа игра во Sport Life е 2.18.

Во Серија А вечерва игра уште еден фаворит за титулата, Милан, кој му гостува на Кремонезе. Квотата за победа на Росонерите и да падне барем еден гол во првото полувреме изнесува 2.05.

Најголемата квота е од мечот меѓу Осасуна и Барселона и таа изнесува 2.90. За да ја погодите оваа квота, Барселона треба да победи и да постигне најмалку три гола.

 

- Оглас -

Најнови вести