Петтиот светски тенисер освои само два гема против 122-риот играч на ранг-листата

На тенискиот турнир од серијата Мастерс 1000 кој се игра во Шангај уште на стартот се случи големо изненадување, испадна петтиот тенисер на светот, Холгер Руне.

Руне е поразен во второто коло на мастерсот во Шангај од 122-риот играч на АТП ранг-листата, Брендон Накашима, притоа освојувајќи само два гема.

https://twitter.com/i/status/1710206264041681254

Накашима само за 67 минути игра славеше со убедливи 6:0,6:2. Уште едно изненадување претставува елиминацијата на Италијанецот Мусети од Хју од Тајван во два сета (6:3,6:4).

За разлика од Руне, сигурен настап на стартот имаше Норвежанецот Каспер Руд, кој со 7:5,6:0 го елиминира Нишиока од Јапонија, а победи остварија и Церундоло над Мекдоналд (7:6,7:6), Јубанкс над Хафман (4:6,6:3,6:2), како и Унгарецот Фучович над Оже-Алијасим (7:6,4:6,6:3).

- Оглас -

Најнови вести