Американскиот тенисер Тејлор Фриц, кој е петторангиран на АТП листата, тешко го поднесе мечот против сонародникот Томи Пол во Акапулко.
Средбата траеше дури 3 часа и 29 минути, а победи Пол со 6-3, 6-7, 7-6. Ова беше најдолг меч во историјата на турнирот, а Фриц беше толку исцрпен во финишот, што мораше да поврати пред да продолжи да сервира. Фриц прво поврати во крпа, а потоа во кантата која беше зад неговата клупа.
https://twitter.com/i/status/1631934059554410496