13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Петто место за досегашните европски вицешампионки во ракомет

Националниот состав на Русија ќе се задоволи со петтото место на ракометното ЕП по победата над Холандија со 33:27. За досегашните европски вицешапионки овој пласман е утеха со оглед на тоа дека целеа на самата завршница од турнирот во Данска.

Како големи фаворити во дуелот, Русинките уште во првото полувреме ги решија дилемите со водство од 5+ при резултат од 18:13, а потоа без потешкотии ја одржуваа предноста.

Ведекина со шест погодоци беше најефикасна во составот на Зборнаја, додека Абинх блескаше за Лалињата со 10 погодоци.

Подоцна во 18 часот стартува првото полуфинале меѓу бранителот на тронот Франција против Хрватска, додека домаќинот Данска во 20:30 часот ќе ги одмери силите со најтрофејната селекција во ова натпреварување Норвешка, во скандинавското дерби по кое ќе се знае вториот финалист.

- Оглас -

Најнови вести