Двете фудбалски ѕвезди на Барселона завршија на респектабилни позиции на еднодневниот турнир во покер кој вчера се одржа во Барселона. Жарарт Пике загуби во директната пресметка против освојувачот Хуан Пардо, а дома си замина со 352.950 евра како награда за освоеното второ место.
Артуро Видал малку порано го заврши учеството во финалната игра, како петти ја напушти масата за покер и освои 134.000 евра. Членовите на шпанскиот првак учествуваа на турнирот во покер само еден ден по убедливиот триумф над Бетис со 5-2, во кој и двајцата играа, а Видал дури се запиша во листата на стрелци.
За Пике е познато дека е љубител на игрите на среќа, како и на карти, често знае да влезе во казино, а не му е првпат да учествува на турнир во покер. Воедно, тој е лицето на онлајн покер гејмингот „Покер старс“.