Пике: Кога почнав да излегувам со Шакира, многу се смени односот на Гвардиола кон мене

Жерард Пике даде интервју во кое изјави дека најлоша сезона во Барселона му била последната со Пеп Гвардиола на клупата, само тогаш размислувал за заминување од Барса.

„Имаше големи тензии со Гвардиола, генерално, во соблекувалната беше тензично. Во последната сезона на Гвардиола во Барселона многу страдав, сакав дури и да си заминам. Ривалството со Мурињо беше исцрпувачко, Пеп сакаше да контролира сè и сешто. Кога почнав да излегувам со Шакира, односот на Пеп кон мене многу се смени. Бев под огромен притисок“, вели Пике.

Има шпекулации дека Гвардиола испраќал луѓе да го следат Пике во првите денови од неговата врска со колумбиската пејачка.

- Оглас -

Најнови вести