36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Пике нема дилеми: Халанд не е на нивото на Меси и Кристијано

Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике, смета дека Ерлинг Халанд треба да помине долг пат за да го достигне нивото на Меси или пак Кристијано Роналдо во годините кога доминираа во светскиот фудбал.

„Ерлинг има голем потенција, но исто така има долг пат за да дојде до нивото на Меси и на Кристијано. Тој мора да освојува уште трофеи и тоа да го прави во следните 15, 17, 20 години, а тоа воопшто не е лесно. Мора да му се оддаде признание дека е одличен напаѓач, но се уште е млад и мислам дека е далеку од Лео и Кристијано“, изјави Пике.

- Оглас -

Најнови вести