Пике нуди три радикални промени за да се решат проблемите во фудбалот

Некогашната ѕвезда на Барселона, Жерар Пике верува дека има вистинско решение кое може да се решат проблеми кои настанаа во фудбалот, а тоа е да има пренатрупан распоред за играње на натпреварите.

Сезонава се зголемија броевите на мечеви во европските натпреварувања како Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциксата лига, но има и нов формат за Светското клупско првенство на кое ќе играат дури 32 екипи, наместо досегашните осум.

Многу фудбалери се пожалија на пренатрупаниот распоред, а Пике, на самитот за спортски бизнис збореше за овој проблем.

„Има премногу натпревари и се почесто има повредени фудбалери. Играат на секои три дена и едноставно немаат време за одмор. Според мене, лигите треба да бидат намалени. Наместо 20 екипи, лигите треба да имаат по 16 екипи. УЕФА треба да ја укине Лигата на нации, тоа е ново натпреварување кое е тешко да се следи. Нема потреба ниту од Светското клупско првенство на ФИФА. Разбирам дека сакаат поголем број на приходи, но некогаш е подобро за фудбалот да постојат помалку дуели“, рече Пике.

Фудбалерите се жалат за големиот број натпревари што ги играат, но ниту еден од нив не кажа дали е согласен со намалувањето на натпреварите, да им се намалат и енормно високите плати кои ги добиваат.

- Оглас -

Најнови вести