Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, откако замина во пензија, постојано се наоѓа на насловните страници во медиумите поради неговата разделба со пејачката Шакира, но и со неговите испади во јавноста.
Еден таков се случи неодамна и тоа пред домот на неговите родители, кога новинарот Жорди Мартин го запрашал Пике за коментар за најновата песна на Шакика, која по разделбата преку објави неколку песни во кои го понижува него и неговата сегашна девојка.
Пике одбил да одговори на прашањето и со девојката Клара Чиа Марти, и влегол во домот на неговите родители. Новинарот сè уште чекал пред куќата, а кога излегол Пике, предизвикал инцидент.
„Поминав низ непријатна епизода со Пике и Клара Чиа, за малку ќе ме прегазеа. Кога излегоа, Пике забрза и за малку ќе се изгазеше со неговиот автомобил. Нешто подоцна, се разминавме и двајцата ми се смееја, ме навредуваат и непристојно гестикулираа“, изјави новинарот Мартин во емисијата „Ел Гордо Ла Флака“.
Новинарот откри дека Пике не застанал тука, туку му се заканувал по телефон.
„Пике го пронашол мојот број на телефон, ме повика и ми рече дека ќе умрам. Ова не му е првпат да направи вакво нешто“, додаде Мартин.