Пике призна: „Не му ја честитав светската титула на Меси“

Лионел Меси само пред 18 месеци ја освои светската шампионска титула со Аргентина, но неговиот поранешен соиграч од Барселона, Жерарт Пике, денес јавно призна дека не му честитал за големиот успех.

„Не му честитав на Меси. Можеби е лудо, но е вистина. Светското првенство воопшто не го следев. Го гледав само финалето, но не целиот натпревар. Откако заминав во пензија, комплетно се повлеков од спортот. Зедов одмор од спортот бидејќи последните неколку месеци од кариерата навистина ми беа тешки“, вели Пике.

Сепак, според Пике, Аргентинецот е најголемиот во историјата, а Роналдо иако се трудел, не успеал да го стигне неговото ниво.

„Меси е најголемиот фудбалер во историјата. Кристијано напорно работеше за да се бори против него за врвот, но кога ќе ги погледнете нивните кариери, го бирам Меси, секако. И на 35 години покажа дека може да биде шампион на светот“, додава Пике.

Меси и Пике во периодот кога играа заедно трипати ја освоија Лигата на шампионите со Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести