Пикси објасни која е причината за поразот на Србија од Данска

По ремито со Шпанија без голови, Србија во второто коло загуби од Данска на гости и тоа со 2:0. По поразот, селекторот на Србија Драган Стојковиќ објасни дека кадровските проблеми биле клучни за поразот во Копенхаген.

„Сите знаеме дека имавме големи кадровски проблеми и дека на физички план ќе биде многу тешко да издржиме. Момците дадоа се од себе, но се виде дека фалеше свежина.  Многу е тешко да се одиграат два меча во само три дена. Што се однесува до средбата, во првото полувреме одигравме егал. Беше 50-50, не приметив дека они имаат доминација или ние да имаме распад на системот.  За жал примивме гол во незгоден момент. Во второто полувреме се виде физичката надмоќ на Данска“, рече Стојковиќ по поразот од Данска.

- Оглас -

Најнови вести