Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, во своите први впечатоци по поразот од 0-5 во Белград од Англија, беше краток.
„Ноќ за заборав. Ми се чини дека ова мораше да се случи. Наидовме на квалитетен противник, тие не беа случајно вицешампиони на Европа. Постои голема разлика, реално гледано во сите сегменти од играта, квалитетот на играта, брзината, физиката. Не можевме да очекуваме ништо подобро“, изјави Стојковиќ за ТВ Арена Спорт после најтешкиот пораз во неговата кариера.
Инаку, популарниот Пикси беше исвиркан од публиката уште пред мечот, а се слушаа и скандирања „Пикси оди си“.