Репрезентацијата на Србија, на големо разочарување во јавноста кај нашиот северен сосед, не успеа да ја мине групната фаза. Српските медиуми наголемо најавуваа дека Драган Стојкови -Пикси ќе добие отказ од селекторската позиција, но раководните луѓе на Фудбалскиот сојуз на Србија и самиот селектор не мислеа така, па нема да има никаква промена на селекторската позиција во Србија.
„Разговарав со Капело, Венгер, Клоп, Бенитес, Мојес… Нивното мислење не се разликува премногу од нашите анализи по Европското првенство. Капело ми рече дека не заслуживме да загубиме од Англија и дека не игравме толку лошо. Мораш да дадеш гол за да победиш. Сите се враќаат на шансата на Митровиќ против Словенија. Само една топка во мрежата и ќе беше сосема друга приказна. Ми рекое главата горе и од ова да извлечам поука. Ми рекоа дека екипата мора да се освежи. Ми се допаѓа таа идеја за подмладување на репрезентацијата“, рече селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Јавноста во Србија е гневна од неуспехот на репрезентацијата, а оваа изјава на Пикси само дополнително ќе ја вжешти атмосферата во фудбалските кругови кај нашиот северен сосед.