Пиоли: Милан може да игра во ЛШ

Стефано Пиоли по својата прва победа како тренер на Милан, синоќа над СПАЛ од 1-0, изјави дека тимот има капацитет да освои едно од првите четири места на табелата и со тоа да се пласира во Лигата на шампионите. Во моментов, четвртопласираната Рома му бега шест бода на Милан.

„Сè е можно. Чувствувам дека тимот може многу, но треба да созреваме и да веруваме во себе. Имаме квалитет, само треба да се бориме до последна минута. Сакам да продолжиме така, не може да се добијат мечеви само на индивидуален квалитет, мора да имаме енергија“, изјави Пиоли.

Во следното коло, в недела, Милан го пречекува Лацио, кој ќе има еден ден повеќе одмор и време за подготовка, па затоа Пиоли постојано спомнуваше борбеност и енергија.

- Оглас -

Најнови вести