Стефано Пиоли ќе ја загуби работата како тренер на Милан по завршувањето на сезонава, тврдат италијански медиуми.
Наводно сопственикот на клубот, Џери Кардинале, не е задоволен од работата на Пиоли и веќе одлучил да се раздели со него дури и ако Милан стане европски првак, нешто што и онака делува многу тешко изводливо.
Во минатата сезона, Милан под водство на Пиоли стана првак на Италија, сезонава стигна до полуфинале во Лигата на шампионите, но потфрла во Серија А, па ако испаднe од Интер во ЛШ, можно е Милан во следната сезона да остане без место во елитното европско натпреварување.
Се шпекулира и дека Кардинале веќе направил избор кој да го наследи Пиоли. Изборот е Антонио Конте, кој пролетва си замина од Тотенхем. Конте во минатото ги има водено Интер и Јувентус, па со Милан би ја заокружил трофејната голема тројка од северот на Италија.