Пиоли оптимист: Милан може да ја одбрани титулата во Серија А

По речиси два месеци пауза, клубовите во Серија А ги прават последните подготовки пред продолжување на првенството закажано за 4 јануари. По 15 одиграни кола, Наполи е лидер со 41 бод, осум повеќе пред вториот Милан, а потоа следуваат Јувентус со 31 поен, Лацио со 30, Интер 30…

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е оптимист дека неговиот тим има сили да го стигне лидерот Наполи и на крајот Росонерите да го одбранат тронот во Серија А.

„За сите нас во Милан, 2022 година ќе ја памтиме како многу важна година, полна со радости. Треба да продолжиме да веруваме дека и во 2023 година може да сме шампиони. Тоа е вистинскиот начин на размислување. Миланата сезона освоивме 86 бода за да бидеме шампиони, а оваа година можно е да треба да се освојат повеќе. Има уште 69 бода во игра да се освојат и мора на секој меч да одиме и да освиме што е можно повеќе поени“, вели Пиоли.

Милан на 4 јануари ќе гостува кај Салернитана.

- Оглас -

Најнови вести