29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Пиоли планира да го изненади Интер со нова тактика во дербито

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, посебно се подготвува за големото градско дерби против Интер, кое се игра в недела вечерта, во рамките од 21-вото коло на Серија А. Според „Скај Италија“, стратегот на Росонерите на последните тренинзи испробувал тактичка формација 3-4-3 и 4-3-3.

Милан има очајни резултати и е без победа на последните шест меча во сите натпреварувања. Испадна од Купот на домашен терен од Торино, го загуби Суперкупот убедливо со 3:0 од Интер, а во првенството двапати одигра нерешено и двапати загуби. Во сите овие шест средби, Милан прими дури 17 голови, односно речиси по три погодоци на меч.

- Оглас -

Најнови вести