Пирло до играчите на Јуве: Немојте да бидете како Реал и Баерн

Јувентус вечерва игра куп-натпревар против второлигашот СПАЛ и, се разбира, Старата дама е огромен фаворит на хартија, но тренерот Андреа Пирло од своите фудбалери бара максимална ангажираност и да не го потценуваат противникот. Пирло ги потсетил своите пулени дека и гиганти како Реал Мадрид и Баерн Минхен сезонава во националните купови испаднаа од клубови кои се од пониските рангови.

„Во вакви мечеви се кријат многу опасности. Ако погледнеме во другите држави, можеме да видиме како Баерн отпадна од второлигаш, а Реал Мадрид од третолигаш. Треба да влеземе во дуелот со мисла дека мечот ќе биде тежок. Целта ни е да се пласираме во полуфиналето, затоа ќе ни треба концентрација на високо ниво. СПАЛ е второлигаш, но игра многу добро и во Купот на Италија и во Серија Б, не смее да го потцениме”, изјави Пирло.

- Оглас -

Најнови вести