Еден од најдобрите италијански фудбалски мајстори, Андреа Пирло, во интервју за „Газета дело спорт“ говореше околу својата кариера. Посебен акцент се стави на соработката со Антонио Конте, сегашниот предводник на Интер, под чија палка Пирло играше неколку години како член на Јувентус и италијанската репрезентација.
„Не сум изненаден што Интер беше во трка за шампионската титула пред да се прекине сезоната. Нивниот тренер е роден победник. Многу добро го познавам Конте, тој може да ги натера играчите да играат многу подобро отколку што тие мислат дека се квалитетни. Конте е зависен од победи, а не сакаш да си во негова близина кога губи, ниту можеш да разговараш со него. Тогаш се претвора во монструм“, се потсети Пирло.
Пирло беше дел од селекцијата на Аѕурите која ја предводеше Конте до финалето на ЕП 2012, кога Италија загуби со убедливи 4-0 од Шпанија. Тогаш Пирло веќе беше член на Јувентус, а по Европското првенство, Конте ги презеде Бјанконерите и им донесе три последователни титули во Серија А.