
Спектакуларната фан-зона во Хернинг изгледа прекрасно, огромна е, се нуди забава на многу начини, но подобро е таму да одите најадени и напиени.
Во фан-зоната во Хернинг која е саемска хала, прилагодена за оваа намена, и залепена за „Јиске Банк боксен“ арената, меѓу другото се нудат ладни и топли напитоци, како и брза храна.
Цените се доста високи, повисоки во споредба со цените и во шведски Малме каде исто така се игра една група од ракометното Европско првенство. Во Малме, најскапото пиво е по цена од 6,44 евра.
Во Хернинг, пиво кое е најпопуларен пијалок во фан-зоната, чини 55 круни, што е 7,4 евра или нешто над 455 денари.

