Интер ја разби Пиза со 6-2 во дуел на првопласираниот и последниот на табелата во Серија А.
Фаворитот планираше да ги чува силите, но изгледа и претераа во потценувањето на противникот, па Пиза даде два гола во првата половина од првото полувреме за шок и предност од 2-0.
Дури тогаш во Интер се свестија, и веќе до полувремето направија пресврт за 3-2, а Интер во последните десетина минути даџде уште три гола со кои го дотолчи противникот.
Сега Интер е прв на табелата со 6 бодови повеќе од Милан, а Росонерите задутре имаат тешко гостување кај Рома.

