Миралем Пјаниќ беше во немилост на Роналд Куман во кусата ера на заедничка соработка во Барселона, што траеше малку повеќе од една година, па сега си ги дочека своите пет минути и со незгодна порака го испрати заминувањето на Холанѓанецот од редовите на шпанскиот гигант.
Куман ноќеска доби отказ, а Пјаниќ се јави со порака „Треба да знаеш кога да го пуштиш го*ното да си оди“, што само покажува колку босанскиот репрезентативец има нерасчистени сметки со тренерот.
Пјаниќ во јуни 2020 година од Јувентус како големо засилување се пресели во Барселона, но не се наигра кај Куман.
Одигра само 19 меча, најчесто беше резерва, некогаш ниту тоа, па во септември годинава како позајмен играч се пресели во Бешикташ.