Столе му одбрани пенал на Депај и Роналд Куман доби отказ од Барселона!

Роналд Куман доби отказ од Барселона. Ова по полноќ го објави Барселона на својата официјална страница.

„Барселона го ослободи Роналд Куман од обврските кон клубот. Претседателот Жоан Лапорта ова го одлучи по поразот од Рајо Валјекано. Роналд Куман ќе се збогува со играчите во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на Куман за работата во клубот и му посакува сè најдобро во професионалната кариера“, стои во соопштението од Барселона.

Отказот на Куман доаѓа по поразот на Барселона на гости кај Рајо Вајекано со 0:1. За Рајо ова е прва победа над Барселона по пауза од 19 години. Еден од најзаслужните за победата на Рајо е голманот Столе Димитриевски, кој успеа да му одбрани пенал на Мемфис Депај.

- Оглас -

Најнови вести