Пјастри на пол-позиција, фановите во Имола длабоко разочарани

Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен, ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка на патеката Имола за Големата награда на Емилија-Ромања.

Пјастри за нијанса беше побрз од актуелниот првак Макс Ферстапен од Ред Бул кој заостана само 34 илјадитинки, а трето време имаше Џорџ Расел од Мерцедес кој имаше за 137 илјадитинки послабо време од Пјастри.

Фановите кои беа на трибините, си заминаа разочарани, бидејќи нивните фаворити тотално потфрлија. Пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон беа дури 11-ти односно 12-ти, а зад нив на 13-то место беше Италијанецот Кими Антонели од Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести