Шест години откако ја покажа својата најдобра верзија во Серија А, полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек кој е член на Истанбул Башакшехир, периодов игра во феноменална форма, а тоа го потврди и вечерва со погодок против Галатасарај во дуел од Купот на Турција.
Пјонтек има постигнато 10 голови на последните девет меча, погодува на осум од последните девет средби, не даде гол само на првиот настап во 2025 година.
Полјакот лани потпиша за Башакшехир, претходно не му легнаа играњето во Милан, Фиорентина, Херта и Салернитана, за тие три години постигна само 23 гола, а сега во Истанбул е како препороден. Откако постигна 17 гола во својата прва сезона во турскиот фудбал, Пјонтек сезонава има 13 гола на 18 натпревари.